Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во емисијата Студио 10, на Телевизија 24, зборуваше за говорот на омраза, кон жените кој е многу раширен во државата. Таа посочи дека за тоа придонесуваат социјалните мрежи каде луѓето можат да си кажат се што сакаат.
„Мене лично повеќе ме повредува кога атакуваат врз моето семејство отколку кога изнесуваат квалификации за мене лично. Жени кога ќе влезат во политиката имаат расчистено со тоа дека ќе бидат предмет на родови напади,” рече Тренчевска.
Таа истакна дека ги следи социјалните медиуми бидејќи важно е што мислат граѓаните за мерките кои што ги спроведува Валдата и министерството.
„Сакам да видам со какви проблеми се соочуваат граѓаните. На официјалниот профил има навреди, но на мојот приватен профил нема, иако е отворен, “вели Тренчевска.
Таа вели дека креаторите на политики, и функционерите и администрацијата, треба да биде на терен за да имаат увид во вистинската состоба.
„Не е само да се обезбеди социјална заштита на загрозените лица и семејства, ние мораме да се посветиме и на менталното здравје и економското јакнење на жените, посочи Тренчевска.
Министерството за труд и социјална политика со конференцијата „Жени во политика-Говор на омраза, сенка која обесхрабрува” на 1 март ја започна кампањата: „Гласна и Храбра” која од има за цел зајакнување на жените.
„Кампањата ќе трае цел месец, и лицемерно е да зборуваме само денес за големината на 8 март. За хероините на кои се поклонуваме и чиј пат го следиме. Затоа креаторите на политиките не треба да седат во канцеларија туку да бидат на терен и да разговараат со граѓаните така ќе имаме увид како нашите политики се одвиваат,”рече Тренчевска.
„Изминатата година бевме цело време меѓу граѓаните. Ковидот и економската и енергетската криза имаше влијание на менталното здравје кое е многу значајно. Целта на караванот е да зборуваме за зајакнување на жените, зборуваме со жени со попреченост, жртви на насилство, жени пензионерки, жени од ИТ секторот, жени од здравствениот систем , млади , девојки, студентки. Целта е да имаме комуникација со систе жени во општеството, за тоа колку нашите политики допираат до нив и како функционира системот, каде се барирерите, каде е нефункционалноста.
Тренчевска посочи дека вклучени се сите ресори, особено министерствата со кои имаме тесна соработка и меѓусекторски активности, како МВР, МОН, МИОА, МП, МЗ и вклученост на професионалци , како психолози во делот на работилниците за ментално здравје и економско зајакнување на жените.