Почитувани граѓани,
Коалицијата Данела Арсовска – ВМРО-ДПМНЕ и Левица ја одбија Иницијативата за времено отстапување на корисничкото право за Универзална сала на Владата.
Данела Арсовска и мнозинството во Советот на Град Скопје предводено од ВМРО-ДПМНЕ свесно и намерно ја кочат реконструкцијата на Универзална Сала.
За реконструкцијата има проект со кои се обезбедени 120 милиони денари од Владата, од кои искористени се само околу 40 милиони денари.
Владата изрази интерес да ја преземе реконструкцијата да го заврши проектот и потоа Универзална сала повторно да му ја отстапи на Град Скопје.
Но, од причини познати само на Арсовска ВМРО-ДПМНЕ и Левица иницијативата за овој објект кој е важен за Скопје но и за цела Македонија, ја одбија без притоа да се произнесат ниту да дадат барем еден аргумент зошто ја одбиваат.
Срамно и недозволиво е Универзална сала, симболот на солидарноста и постземјотресно Скопје да се наоѓа во ваква состојба.
Очигледно е дека Арсовска ВМРО-ДПМНЕ и Левица не ги засега ниту тоа што Универзална сала, како носител на проектот Скопје Европска престолнина на културата – 2028 година е влезена во потесниот избор.
Арсовска и мнозинството во Советот не работат ништо и само нанесуваат штета врз Градот и неговите граѓани. Ви благодарам