На 07.03.2023 околу 14.05 часот на автобуска постојка на бул.„Кузман Јосифовски Питу” во Скопје, полициски службеници од ЕВР – Одделение за криминалистички работи Центар – Бит Пазар го лишиле од слобода И.С.(56) од Скопје.
Тој бил фатен при извршување кражба, при што од М.М.(38) од Скопје, при качување во автобус одзел паричник со лични документи и пари.
Одземеното било вратено на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица.
По насоки од јавен обвинител против него е поднесена кривична пријава по брза постапка, додека од судија на претходна постапка му е определена мерка притвор и тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор.