Четири лица загинаа во судир на два мали авиона за време на лет над Флорида. Авионите се урнаа во езерото Хартриџ во Винтер Хевен. Службите за итни случаи и спасувачите излегле на местото на настанот и пронашле еден авион на приближно шест метри под површината на езерото, а другиот бил делумно потопен.
„Се судрија во воздух, двата авиона веднаш паднаа во водата. Спасувачите ги извлекле телата на четири лица, кои биле во авионите“, изјави Стив Лестер од канцеларијата на шерифот на округот Полк, пренесува „Ен-би-си њуз“.
Полицијата го објави идентитетот на три од четирите жртви: Фејт Ајрин Бејкер (24), Захари Џин Мејс (19) и Рандал Елберт Крафорд. Се утврдува идентитетот на четвртото починато лице.
Вчера, два мали авиона се судрија недалеку од Рим во Италија, при што загинаа и двајцата пилоти.