Пропагандистите на Владимир Путин повторно ја оправдаа војната во Украина во емисијата на Владимир Соловјов, омилениот водител на рускиот претседател. Овој пат еден од гостите беше професорот Виталиј Третјаков, кој сите Украинци ги нарече животни.
„За дваесет до триесет години картата на Европа ќе биде сосема поинаква. Моќните европски народи исчезнуваат, остануваат само Турција и Русија. Порано тоа беа Британија, Германија, Франција…“, рече Третјаков.
На крајот тој додаде дека „буквално сите Украинци се претворија во животни“,пренесе Индекс.хр.