Две лица кои се поврзуваа со скопското подземје, беа убиени пред две вечери во Старата скопска чаршија, а еден од загинатите Јетон Кривањева познат како „Жила“ бил во врска со српска старлета и актуелната учесничка во реалното шоу „Задруга 6“, Александра Николиќ, јавуваат српските медиуми.
Тамошните медиуми пишуваат дека Николиќ пред неколку години наводно била во многу турбулентна врска со Кривањева, за кој во својата мачна исповед немала пофални зборови, бидејќи, како што тогаш тврдела, претрпела сериозно насилство.
Николиќ наводно настапувала по клубови во Македонија, кога го запознала „Жила“, по што почнала да излегува со него. Набрзо се преселила да живее кај него во Скопје. Таа во емотивната исповед открила и детали од бурната врска која, како што вели, од корен ѝ го променил животот.
-Поради него ја напуштив работата, бидејќи му сметаше тоа што танцував. Ми беше убаво со него година и пол, но го оставив затоа што ме претепа. Тоа го направи затоа што мислеше дека се гледам со друго момче. Толку ме претепа што имав сериозна повреда на усната. Бидејќи цел живот гледав насилство, веднаш го напуштив. Никогаш не би простила ќотек, изјавила Николиќ за српските медиуми.
Пет лица, облечени во црна униформа со фантомки, пукале во жртвите. Истрагата е во тек. ОЈО ги зеде видео-снимките од околните објекти и од системот „Безбеден град“ и го пронајде возилото со кое избегале напаѓачите.