Вечерва во 21 часот и 59 минути е почувствуван земјотрес во подрачјето Битола- Лерин со јачина од 3,3 степени по Рихтер.
Епицентарот на земјотресот е регистриран 125 km југозападно од Скопје кој потекнува од епицентрално подрачје Битола-Лерин.
„Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 21 часот и 59 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.3 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Битола и околината“, велат од сеизмолошката опсерваторија при ПМФ.