Една и пол година коалицијата Данела Арсовска – ВМРО-ДПМНЕ и Левица не ја довршуваат реконструкцијата на Универзална сала. 120 милиони денари се обезбедени од Владата за реализација на овој проект започнат од претходниот градоначалник Петре Шилегов, но Арсовска намерно не го завршува, вели Рената Јајоска, советничка во Советот на Град Скопје од редовите на СДСМ и додава:
-За овој проект да продолжи СДСМ поднесе Иницијатива за времено отстапување на корисничкото право за Универзална сала на Владата и враќање на правото на Град Скопје откако реконструкцијата ќе заврши.
Но Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ и Левица не дозволија тоа да се случи, со што намерно и свесно оставаат овој важен објект за Скопје и државата да пропаѓа. Тие ниту сакаат да го довршат проектот ниту дозволуваат да го преземе Владата чиј што финансиер е.
Слично на овој, поради лични каприци на Арсовска, намерно заглавени се и други започнати проекти важни за Скопје.
Арсовска – ВМРО-ДПМНЕ и Левица дејствуваат исклучиво на штета на граѓаните и Град Скопје.