Европскиот совет ја одобри визната либерализација за граѓаните на Косово

Европскиот совет (ЕС) ја одобри визна либерализација за граѓаните на Косово. Како што е наведено во соопштението на ЕС, ставот е усвоен на прво читање за патување без визи на носители на пасоши што ги издаваат косовските власти. Одлука на ЕС сега треба да ја усвои Европскиот парламент пред да биде потпишана и објавена во Службен весник на ЕУ.

Со оваа одлука граѓаните на Косово ќе можат да патуваат во Европската унија (ЕУ) без визи за период од 90 дена во било кој 180-дневен период, се додава во соопштението на ЕС.

Одлуката ќе стапи во сила штом почне со работа европскиот систем за патни информации и авторизација или од 1 јануари во 2024 година.

Треба да знаете
Последни објави