Уставниот суд на Турција денеска ја укина претходната одлука за блокирање на банкарските сметки на прокурдската Народна демократска партија (ХДП) кои се користат за партијата да добива државно финансирање за избори, јавува државната новинска агенција Анадолија.
Судот, исто така,завршните изјави на ХДП во својата одбрана ги одложи за средината на април, наместо на 14 март како што беше првично планирано.
Адвокатот на ХДП, Серхат Ерен, за ДПА изјави дека партијата сè уште не ја добила официјалната пресуда.
Денешната одлука, донесена од големо мнозинство судии во судот, дојде за време на случајот со кој се бара забрана на ХДП поради нејзините наводни врски со забранетата Курдска работничка партија (ПКК). ХДП, третата по големина политичка партија во Турција, ги негира ваквите тврдења.