Ќерката на холивудската глумица Мила Јовович и режисерот Пол Андерсон, се прошета на ревијата за новата колекција на брендот „Миу Миу“ на Модната недела во Париз.
Надежната Евер Андерсон (15) се појави облечена во „тексас“-фустан, искомбиниран со црвена чанта и необични чевли создадени како некаков спој од чизми и апостолки. Девојката инаку, истовремено гради кариера и како модел и како актерка. Многу обожаватели пишуваат дека Евер е „копија“ на нејзината, засега далеку попозната, мајка.
Евер е родена 2007 година, две години пред Мила да се омажи за татко ѝ Пол В.С. Андерсон. Тие имаат уште две ќерки – Дашиел (7) и Осијан (3).