Руските вооружени сили извршија масовен одмазднички ракетен напад врз воената инфраструктура на Украина како одговор на терористичкиот напад во областа Брјанск, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на Русија за новите масовни напади во Украина.
„Оружјето со долг дострел од воздух, море и копно, вклучително и хиперсоничниот ракетен систем „Кинжал“, ги погоди клучните елементи на украинската воена инфраструктура, претпријатијата од воено-индустрискиот комплекс, како и енергетските капацитети што ги обезбедуваат“, соопшти руското министерство.
Руската армија успеа да ги погоди сите одредени цели, пренесе руската новинска агенција РИА Новости.
Се наведува дека со ракетни напади Русите успеале да ги „уништат базите на непријателските ударни беспилотни летала, да го нарушат трансферот на резервите на Вооружените сили на Украина и железничкиот транспорт на странско оружје, како и да ги онеспособат производствените капацитети за поправка на воена опрема и производство на муниција“.
Според министерот за енергетика Херман Галушченко, под оган биле објектите во Киев, Миколаев, Харков, Одеса, Днепропетровск и Житомир, како и во делот на регионот Запорожје, кој е под контрола на Киев. Три термоцентрали се сериозно оштетени, соопшти украинскиот енергетски холдинг ДТЕК.
⚡️ The head of the Lviv Regional Military Administration posted the video of the consequences of the [russian] missile crash in the Zolochiv district.
— FLASH (@Flash_news_ua) March 9, 2023
👉 Follow @Flash_news_ua pic.twitter.com/0UBG7u9rwC
Рано утринава Русија изврши напади врз неколку украински региони, вклучително и главниот град Киев, црноморското пристаниште Одеса и вториот по големина град Харков, предизвикувајќи прекин на електричната енергија, соопштија регионалните власти.
Според последните информации, пет лица загинале во Лавов, а две во Херсон при новото руско масовно бомбардирање.