Грузиските опозициски партии денеска најавија дека ќе продолжат со антивладините протести и покрај повлекувањето од страна на владата на контроверзниот предлог-закон кој се сметаше за репресивен за медиумите и граѓанското општество, а чие воведување предизвика масовни демонстрации во главниот град, Тбилиси.
Мобилизацијата „нема да запре додека не се дадат гаранции дека Грузија решително ќе тргне по прозападен пат“, се вели во заедничката изјава на неколку опозициски партии.
Тие повикаа на масовно присуство на протестите и вечерва и воедно побараа ослободување на десетици приведени демонстранти.