Одлуката за цените на тестенините, млекото, удрата, сирењето ќе падне утре

Ќе поевтинат тестенините, млекото, удрата, сирењето. Одлуката за замрзнување на нивните цени ќе се носи утре, најави министерот за економија Крешник Бектеши. До утре наутро Бектеши ќе почека да види колку самите производители и увозници ќе ги намалат цените, а потоа со премиерот Димитар Ковачевски ќе информираат какви одлуки ќе донесе Владата и кои цени на овие производи ќе се замрзнат.

-Во комуникација сме (со производителите на млечни производи), ги известив дека до утре ќе чекаме нивни одлуки. Во случај ако се примети дека нема намалување ќе донесеме ние како Влада мерка. За тестенините, и со нив сме во комуникација, сами покажаа интерес и таму намалувањето ќе биде многу големо што ќе бидеме поконкурентни во регионот, изјави Бектеши.

Ваквите мерки следуваат откако дел од прехрамбените компании користеа субвенционирана струја, но за возврат или не ги поевтинија производите, или минимално ги намалија цените.

Треба да знаете
Последни објави