Авионот на јужнокорејската компанија „Кореј ер“ со 230 лица е евакуиран утрово на меѓународниот аеродром „Инчеон“ во Сеул кога во него биле пронајдени куршуми пред полетувањето, соопшти полицијата.
Авионот за Манила полетал со повеќе од три часа задоцнување бидејќи безбедносните проверки утврдиле дека нема непосредна закана од тероризам, пренесува „Ројтерс“.
„Истражуваме како куршумите влегле во авионот“, изјави претставник на полицијата.
Претставник на „Кореј ер“ изјави дека авиокомпанијата ги следи резултатите од полициската истрага, пренесува „Танјуг“.
Јужна Кореја има строги закони за оружје, а поседувањето илегално оружје се казнува со затвор до 15 години и глоба до 75.300 долари, пренесе „Политика.рс“.