Земјотрес со јачина од 5,9 степени го погоди денеска северниот дел на Колумбија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).
Земјотресот се случил на длабочина од 90 километри, а епицентарот бил на 33 километри југоисточно од Флоридабланка.
Засега нема информации за евентуална материјална штета.