Минатата година ја завршивме со 57% задолжување во однос на бруто домашниот производ што значи дека не е зголемување на долгот туку и сме имале намалување во однос на што го имавме претходно, кажа премиерот Димитар Ковачевски во гостувањето на ТВ24. Тој додаде дека еврообврзницата е издадена со цел враќање на еврообврзницата, кое е задолжување од порано.
-Ние имаме еврообврзница од 2016 година од владата на ВМРО-ДПМНЕ која што треба да се врати до јули ова година, што значи дека со ова еврообврзница се рефундираат односно се враќа долгот кој што претходно бил направен. Дополнително кога зборуваме за задолжувањето заради капиталните инвестиции во државата и минатата и ова година ја следиме главното правило на финансии, а тоа е задолжувањето со дефицитот односно инвестициите да бидат поголеми од дефицитот а задолжувањето да се користи за капитални инвестиции, кажа Ковачевски.
Тој додаде дека минатата година е завршена со искористени 465 милиони евра.
-Минатата година јас бев на пуштањето на експресниот пат до Кочани, со едно комплетно финално решение од Штип до Кочани исто така беа направени голем број на градинки во текот на изминатите 5 години се направени 78 градинки во држава, исто така се работеше на голем број објекти во земјоделството, значи минатата година напуштивме водоводен систем во Ранковце, во финална фаза што значи дека веќе се пружени голем дел од инвестициите е и втората поголема брана во државата ќе биде токму ова година и вчера го потпишавме договорот за почетокот на изградба на Коридорот 8 и за Коридорот 10- Д, што значи дека сега ќе имаме инвестициски проект најголем во историјата на државата од 1,3 милијарда евра кој што ќе биде во период од 5 години буџетски финансиран и тоа автопатско решение практично ќе биде од Тетово во албанската граница и конечно автопат помеѓу Прилеп и Битола во должина од 40 км што значи дека ако ги погледнете км на автопатиштата кои што биле направени во државата од нејзиното самостојување се работи за околу 160/70 км автопатишта само со овој проект ќе бидат изградени 110 км автопат за 5 години, тој е најголемиот инфраструктурен проект кој што ќе биде направен и има многу големо значење дека конечно земјата ќе има Коридор 8 бидејќи ние до сега не сме имале изграден современ Коридор 8, тоа е заради политички причини во минатиот рок кога земјата беше дел од комунистичко уредување и Бугарија и Албанија не биле поврзани со Југославија, бидејќи ние не сме имале инфраструктура ниту на Исток ниту на Запад тоа го правиме сега. Експресниот пат со Бугарија веќе се работи, тоа сосема нов пат се проширува и трета лента пред Деве Баир што значи дека конечно по завршувањето на Коридорот 8 заедно со завршениот Коридорот 10 ќе можеме да излеземе не само на Солунското престаниште што е сега туку и на претстаништето .. и во Драч тоа е исклучително многу значи и за граѓаните меѓу тоа пред се за компаниите и за економијата, заклучи Ковачевски.