Владата преку пакет мерки навремено и правилно ја насочи помошта за заштита на стандардот на граѓаните и бизнис секторот. Одговорното однесување и од Владата и од граѓаните даде резултати. Зимата поминува, а кризата не удри врз грбот на граѓаните.
Со издвоената помош за државите од Западен Балкан, од милијарда евра, Европската Унија ја потврдува заложбата и ангажманот за регионот и дава сигнал дека сме обединети и дека Северна Македонија и регионот имаат европска перспектива.
Инвестициите во енергетиката ќе продолжат со поддршка на Европската унија и меѓународните финансиски институции и во рамките на новото ИПА програмирање за 2024 година напиша Маричиќ.