На годинешниот натпревар eCommerce Awards 2022 за избор на најдобрите во македонската е-трговија кој втора година по ред го организира Асоцијацијата за е-трговија, Пакет.мк е прогласен за најдобра Е-продавница за храна и пијалаци и Маркетплејс платформа на годината и е единствена компанија која доби награди во двете главни категории. Покрај освојување на првите места во овие две категории, Пакет.мк зазеде второ место и во категориите: e-трговец на годината, најпопуларна е-продавница, e-трговец со најдобра грижа на корисници и e-трговец со најдобра достава на онлајн нарачки. Со освоените награди уште еднаш се потврди дека Пакет.мк, освен што е една од првите е-продавници и најголема платформа во Македонија, е и доминантен е-тровец во FMCG секторот.
Изборот на најдобри во е-трговијата eCommerce Awards што почна да се организира ланската година има за цел да ги препознае и награди најдобрите, да ја зајакне конкурентноста и да ги охрабри и мотивира е-трговците за подобрување и унапредување на нивното работење, но и да придонесе за промоција на е-трговијата и кревање на свеста за нејзиниот потенцијал. Ланската година Пакет.мк освои 5 награди во различни категории, а годинава беше номиниран во седум категории.
Пакет.мк веќе пет години ја гради својата позиција на најголема платформа за онлајн купување во Македонија, односно „интернет супермаркет“ кој на потрошувачите им овозможува избор на повеќе од 10.000 производи достапни за достава истиот ден. Сервисот е едноставен за користење, а потрошувачите можат да пазаруваат храна, намирници, производи за домот и градината, суплементи и производи од аптека, бебешки производи, играчки и детски аксесоари, и уште многу други категории производи и да ги добијат нарачките на саканата адреса пред врата уште истиот ден. Како резултат на широката понуда на производи, брзата достава, ефективната грижа за корисници и најдоброто искуство за плаќање, Пакет.мк има голема база на лојални корисници поради што e најголем онлајн супермаркет и еден од најголемите е-трговци во земјава воопшто.