Во јануари забележан е раст на извозот на албански производи во Северна Македонија за околу три милијарди леки односно над 26 милиони евра, јави албанската државна агенција, АТА.
Според официјалните податоци на Институтот за статистика, ИНСТАТ, за надворешнотрговската размена, во текот на јануари за македонскиот пазар се извезени стоки во вредност од околу 4,4 милијарди лека.
Најизвезувани производи и понатаму се свежите производи: домати, краставици, свежа риба, свежо цитрусно овошје, како и тестенини.
– ИНСТАТ објави дека во првиот месец од годинава и увозот на македонски производи бележи раст и тоа за 200 милиони лека. Според податоците, увозот резултира со бројки од 818 милиони лека, наспроти 602 милиони колку што изнесувал во јануари 2022 година, наведува агенцијата.
Албанија и Северна Македонија тесно соработуваат во рамките на спроведувањето на договорот ЦЕФТА 2006 година и од 2011 година, трговијата меѓу двете земји е либерализирана и се одвива без царински давачки. в