Поради неспособноста на градската власт на ВМРО-ДПМНЕ реконструкцијата на Универзална сала е стопирана и овој објект пропаѓа.
120 милиони денари се обезбедени од Владата за реализација на овој проект започнат од претходниот градоначалник Петре Шилегов, но Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ намерно не го завршуваат.
СДСМ поднесе Иницијатива за времено отстапување на корисничкото право за Универзална сала на Владата и враќање на правото на Град Скопје откако реконструкцијата ќе заврши.
Коалицијата Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ и Левица, како мнозинство во Советот не дозволи тоа да се случи, со што намерно и свесно оставаат овој важен објект за Скопје и државата да пропаѓа.
Срамно и недозволиво е Универзална сала, симболот на солидарноста и постземјотресно Скопје да се наоѓа во руинирана состојба.
Очигледно е дека Арсовска ВМРО-ДПМНЕ и Левица не ги засега ниту тоа што Универзална сала, како носител на проектот Скопје Европска престолнина на културата – 2028 година е влезена во потесниот избор.
Арсовска и мнозинството во Советот не работат ништо и само нанесуваат штета врз Градот и неговите граѓани.