Си Џинпинг останува претседател на Кина и во следните 5 години откако на масовниот Национален народен конгрес, ги освои гласовите на сите присутни 2.952 делегати. И во 2018 тој имаше сличен резултат кога го освои вториот мандат.
Си е прв кинески претседател кој добил трет мандат и човек кој најдолго бил на чело на државата од основањето на комунистичка Кина во 1949. Дури и Мао Це Тунг, основачот на модерна Кина, остана само 10 години на власт.
На редовниот конгрес на Си ќе му биде обновен и мандатот за претседател на Централната воена комисија, со што под свое ја има најголемата армија на светот по бројот на активни војници.
На конгресот беше најавено и засилување на надзорот на кинескиот финансиски систем (со тежина од околу 60 илјади милијарди долари), нова агенција за менаџирање со податоци и преструктуирање на министерството за наука и технологија.
Гласањето на конгресот е повеќе процедурално и шанса да се видат сите делегати од цела Кина на едно место.