Европскиот медитерански сеизмолошки центар во рок од 30 минути регистрира три слаби земјотреси во јужна Бугарија. Најсилниот бил во 10.15 часот, со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на 13 километри северо-североисточно од Димитровград и на 30 километри од Стара Загора, на длабочина од два километра, пренесува „Новините“.
Вториот земјотрес се случи неколку минути подоцна во истата област. Неговата јачина била 2,5 степена според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на 13 километри северозападно од Харманли, на длабочина од два километра.
Третиот земјотрес во истото подрачје бил со јачина од 2,2 степена, пренесе „Блиц.рс“.