Собранието денеска ќе го посети директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница, Артур Лорковски.
Како што информираат од собраниската прес-служба, Лорковски ќе учествува на состанок со Комисијата за економски прашања, на кој ќе биде презентиран Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската заедница во Република Северна Македонија.