Црногорското обвинителство проверува кој му се заканувал на Ѓукановиќ на Твитер

Црногорското Основно државно обвинителство (ОДТ) денеска соопшти дека наредило да се провери кој на Твитер упатил смртни закани до претседателот Мило Ѓукановиќ и неговата сопруга Лидија.

Претходно денеска црногорските медиуми објавија скриншот од кој се гледаат заканите упатени до Ѓукановиќ и неговата сопруга од профил на Твитер под име Борис Јанковиќ.

На налогот на Твитер пишуваше дека „ќе осамне денот за одмазда и реваншизам“ и дека Ѓукановиќ „ќе види кого сакал да учи да ја почитува Црна Гора“, правејќи паралела со смртта на италијанскиот фашистички диктатор Бенито Мусолини и неговата љубовница Клара Петачи.

Од истиот профил упатени се закани и до пратеници на Социјалдемократската партија и до кандидатката за претседател на Црна Гора, Драгиња Вуксановиќ-Станковиќ, која ги пријавила во полиција. Нејзе од истиот профил и се закануваат со физички напад „поради злобните изјави за српскиот народ“.

Треба да знаете
Последни објави