Битиќи: Замрзнувањето на цените е заради интересот на граѓанинот

Поддржувам замрзнување на цени само во краен случај, односно кога другата страна не се однесува морално и етички во една пазарна економија, рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во гостувањето во Канал77.

-Не може да се прави профит на грбот на граѓаните. Јавно ги поздравив сите пекари што отидоа и пониско од таа цена. Мора да ги менуваме начините на однесување, а како Влада покажавме дека сакаме да помагаме. Која е логиката да се помага некој со парите од граѓаните преку субвенции, а тој некој да сака само профитот да го зголеми, рече Битиќи.

Тој додаде дека не може лебот да се продава по 45 денари, а паѓаат цените на суровините, како што е брашното на берзите.

-Замрзнувањето на цената мора да биде во овој момент направено заради интересот на граѓанинот, но стопанствениците се свесни дека ниту една мерка досега не е направена да биде на штета на компаниите, истакна Битиќи.

Треба да знаете
Последни објави