МВР: ВМРО-ДПМНЕ лаже, вкупниот криминалитет во првите два месеци од годината е намален за 31,55 отсто

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира лагите изнесени денеска од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Вистината, која јасно се докажува низ бројки, е дека во поглед на вкупниот криминалитетот имаме намалување за 31.55 % во првите два месеца од 2023 година, споредбено со првите два месеца од 2022 година, што секако е резултат на доброто и ефикасно работење на полицијата. Класична лага е и обвинувањето за наводна блискост на раководни лица во полицијата со лице кое извршило кривично дело.

Токму против лицето С.М. се поднесени две кривични пријави, приведуван е во полициска станица, а вршени се и претреси на дом, што директно покажува дека и во овој случај ВМРО-ДПМНЕ пласира невистини и ја лаже јавноста.

Треба да знаете
Последни објави