Спасовски: Се сеќаваме на 7.144 наши сограѓани кои пред 77 години беа испратени на пат од кој никогаш не се вратија

Денеска се сеќаваме на 7.144 наши сограѓани, македонските Евреи од Скопје, Битола и Штип, кои пред 77 години беа испратени на пат од кој никогаш не се вратија.

Нивниот најголем грев беше што беа живи, што постоеја, што имаа своја култура, своја традиција.

Беа предвреме оттргнати од своите најблиски, од своите огништа, од својата земја, од своите животи, и станаа жртви на геноцидот.

Никогаш нема да заборавиме.

Треба да знаете
Последни објави