Фудбалерите на Манчестер сити го совладаа Кристал Палас како гости со резултат 1:0 во натпреварот од 27. коло на англиската Премиер лига.
„Граѓаните“ се мачеа на „Селхерст Парк“, но голот на Ерлинг Халанд од пенал им овозможи да остварат вреден триумф и да ја намалат бодовната разлика во однос на лидерот Арсенал.
Манчестер сити имаше целосна иницијатива, но избраниците на Пеп Гвардиола не создадоа вистинска шанса.
На крајот пресуди глупавиот фаул за пенал на Олисе врз Гундоган. Најтрогата казна во 80.минута ја реализираше Халанд.
По оваа победа Манчестер сити има само два бода помалку, но и натпревар повеќе од лидерот Арсенал, додека Кристал Палас е 12. со 27 освоени бодови.