На денешната дебата “Државна матура 2023: што велат матурантите?” организирана од ОДАС Организација за дијалог и афирмација на средношколците и студентите се дискутираше за предизвиците со кои средношколците се соочуваа последниве четири години и како тие ќе влијаат на полагањето на државната матура.
Главниот заклучок беше дека ние како генерација немавме една целосна непрекината учебна година, а тоа јасно се одразува на нашето образование. Дел од предлозите беа намалување на обемот на материјалот предвиден за полагање на матура, изоставaње на еден интерен предмет и слично.
Овие заклучоци ќе бидат доставени до надлежните институции.