Курти по средбата со Дендиас: Косово може да смета на поддршката од Грција

Косово секогаш може да смета на поддршката од Грција за приклучување кон „големото европско семејство, кое е најдобар гарант за мирот и безбедноста, како и за демократијата и благосостојбата“, напиша косовскиот премиер Албин Курти на Твитер по посетата на Никос Дендиас во Приштина.

Курти оцени дека Грција ја поддржува либерализацијата на визите за граѓаните на Косово, европските интеграции и целосната нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

„Разговаравме за билатералните односи меѓу Косово и Грција, како да ги подобриме во сите сфери, но разговаравме и за настаните во регионот, вклучително и дијалогот меѓу Косово и Србија, кој ќе продолжи на средбата на високо ниво следната сабота во Охрид, Северна Македонија“, пишува Курти.

Дендиас, кој шести пат е во посета на Косово, претходно оствари средба со претседателката на Косово, Вјоса Османи, а посетата ќе ја заврши на средба со вицепремиерката и шефица на дипломатијата на Косово, Доника Гервала.

Треба да знаете
Последни објави