Ракометарите на Норвешка и наплатија со камата на Србија (35:25) за минималниот пораз од пред неколку дена во Белград (25:24) во квалификациите за Европското првенство кое во 2024 година ќе се одржи во Германија. (24:25).
Норвежаните играа од почетокот до крајот максимално ангажирано и константно ја полнеа мрежата на Србија зголемувајќи ја предноста кој на крајот изнесуваше десет гола.
Сандер Сагосен беше најдобар во победничкиот тим со 12 голови, додека Орбовиќ и Марсениќ постигнаа по четири за Србија.
Резултати од одиграни натпревари:
Унгарија – Швајцарија 36:27
Словачка – Финска 32:25
Босна и Херцеговина – Косово 25:18
Грција – Белгија 26:24
Исланд – Чешка 28:19