Приведен крадец од Битола

На 11.03.2023 полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Н.П. (35) од Битола, постапувајќи по претходна пријава на Д.А. од Битола дека од нејзиното паркирано возило „голф” во Битола и бил украден паричник со пари и документи. По целосно документирање на случајот, против Н.П. ќе биде поднесена кривична пријава за извршени кривични дела   „кражба”,по член 235 ст. 1, како и  „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”, по член 251 ст.1 од КЗ, затоа што Н.П. ја употребил украдената банкарска картичка која била во паричникот.

Треба да знаете
Последни објави