Лидерот во англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција Арсенал забележа убедлива победија на гостувањето кај Фулам (0:3) во рамките од 27 коло.
Сите дилеми беа решени уште во првото полувреме кога стрелаа Габриел, Мартинели и Одегард, а асистент на сите погодоци беше Тросард.
Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ одигра само без голови (0:0) со Саутемптон. „Црвените ѓаволи“ беа со еден фудбалер помалку од 34 минута кога црвен картон доби Касемиро.
Вест хем ремизираше дома (1:1) против Астон вила, гостите водеа од 17 минута со голот на Воткинс, а израмни Бенрахма од пенал во 26 минута на стадионот во Лондон.
На табелата Арсенал е првопласиран со 66 бодови, пет повеќе од второпласираниот Манчестер сити.