(Видео) Страшни сцени на местото на смртта на младите германски фудбалери

Во сообраќајна несреќа кај Карлсруе загинаа пет лица. Од нив четворица се членови на германскиот фудбалски клуб „Алеманија 05“, двајца фудбалери, физиотерапевт и поранешен играч на клубот, како и едно лице од такси возилото со кое се судриле членовите на клубот.

Според странските медиуми, тие се враќале дома од клубска забава. Трагедијата се случила на неколку десетици метри од просториите на клубот еден час по полноќ ноќта меѓу саботата кон неделата.

Имено, автомобилот со четворица од нив се излизгал и влегол на спротивната сообраќајна лента и се судрил со такси возило.

На лице место загинале возачот на автомобилот и тројца сопатници, а загинало и едно лице од таксито.

Во такси возилото покрај возачот имало и двајца браќа, а еден од нив загинал. Возачот и уште еден сопатник од таксито се тешко повредени.

Сите жртви во несреќата се на возраст од 25 до 29 години.

Треба да знаете
Последни објави