Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски до Советот на општината поднел предлог точка со која бара измена на член од Одлуката за извешување на Буџетот на општина Кисела Вода, односно промена на коефициентот за исплата на плата на Градоначалникот да изнесува 3,4 а основицата на која се пресметува изнесува 26.755,00 денари.
Ова во суштина значи зголемување на платата на градоначалникот Ѓорѓиевски на над 90.000 денари или точно, 90.967 денари и тоа барање доаѓа лично од него.
Тоа е сериозно зголемување на платата на Ѓорѓиевски која сега изнесува шесееттина илјади денари.
Седницата на Советот е закажана за утре, кога ќе се знае дали советниците ќе ја прифатат или одбијат оваа предлог одлука на градоначалникот Ѓорѓиевски.