Почина сестрата на Сузана Манчиќ: „Снимав емисија, а душата ми плачеше…“

Познатата водителка Сузана Манчиќ објави дека неодамна нејзиното семејство доживеало несреќа, кога починала нејзината сестра Душица.

Беа многу блиски, а Сузана откри дека морала да работи во најтешкиот момент.

Со трогателни зборови се прости од неа, а бидејќи е суров професионалец, Сузана остана силна и во најтешките моменти и продолжи да го снима шоуто според планираното.

– Шоуто мора да продолжи… Знаете ли како изгледа животот за нас кои сме во шоубизнисот? Има фризура, има шминка, сјајот свети под рефлектори, се насмевнуваме… Но, нема шминка за тага во очите – напиша таа и додаде:

– Вчера снимив три емисии, а душата ми плачеше бидејќи знаев дека некој близок и драг засекогаш заминува. Мојата сестра Душица. Амин – напиша водителката со своја фотографија.

Целото семејство на Сузан е неутешно по нејзиното ненадејно заминување. Сепак, како што рече водителката, животот продолжува, а зад најблиските останува празнина, која многу тешко се пополнува.

Треба да знаете
Последни објави