Времето во Македонија во претпладневните часови ќе биде променливо облачно, а во текот на денот сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието.
Во Скопје сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура ќе достигне до 12 Целзиусови степени. Маврово 6, Охрид 11, Битола 10, Крива Паланка и Берово 8, Кавадарци 13, Дојран 14.
Утре наутро времето ќе биде студено, а преку денот сончево . Ќе дува слаб ветер од северен правец. Во Скопје сончево. Дневните температури ќе се движат од 8 до 18 степени.