Битиќи: Минимална плата од 21.175 денари, ја исправаме неправдата кон работниците

Од мартовската плата која што се исплаќа во април нема да има работник со плата под 21.175 денари. Една долгогодишна неправда која што беше направена кон работниците полека почнуваме да ја исправаме, работникот да добие достоинствена плата за работата што ја извршува, рече во интервју за Сител телевизија, потпретседателот на СДСМ и вицепремиер Фатмир Битиќи.


– Една долгогодишна неправда која што беше направена кон работниците полека почнуваме да ја исправаме. Денеска за прв пат од поновата историја на државата се случува да на Економско социјалниот совет да не се преговара, туку само се утврди минималната плата. Минатата година социјалните партнери, владата, синдикатот, работодавачите, се договоривме за критериумите. Минатата година воспоставивме систем, воспоставивме критериуми и еве го исходот денеска. Од мартовската плата нема да има работник со плата под 21.175 денари, рече Битиќи.
Потпретседателот на СДСМ и вицепремиер за економски прашања, Битиќи рече дека ова е исчекор со кој влегуваме во ерата во којашто работникот ќе си го добие она што го заслужува, достоинствена плата за работата што ја заслужува.


Тој додаде дека работодавачите ќе ја почитуваат оваа одлука којашто и самите ја имаат поддржано.


-Секако дека ќе се почитува. Организацијата на работодавачи која што е претставник на работодавачите во Економско социјалниот совет рекоа дека се задоволни од тоа што се случува. На крај на денот дури они се спремни со зголемување на продуктивноста на работникот да исплаќаат уште повисоки плати. Мислам дека доаѓа во прав момент затоа што навистина целата дискусија која што се одвива во приватниот сектор, особено заради недостигот на работна сила и зголемувањето на минималната плата но и на просечните плати полека доаѓаме до дискусијата дека секогаш е битно продуктивноста и ефикасност на работното место, а не дали има средства за да се платат плати., рече потпретседателот на СДСМ и вицепремиер, Фатмир Битиќи во интервју за Дневникот на Сител телевизија.

Треба да знаете
Последни објави