Грузискиот премиер: Зеленски, не се мешај

Грузискиот премиер Иракли Гарибшвили го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да не се меша во политичката ситуација во Грузија.

Во таа земја започна бран протести,поради законот за „странски агенти“, за кој критичарите велат дека сигнализира авторитарна промена во Грузија.

Зеленски им се заблагодари на демонстрантите што го вееја украинското знаме. Тој и’ посака на Грузија демократски успех.

Грузискиот парламент во петокот го отфрли предлог-законот за кој противниците рекоа дека е инспириран од рускиот закон од 2012 година што се користеше во изминатата деценија за да се потисне несогласувањето од оние што се на власт. Во исто време, законот претставува закана за врските на Грузија со Европа.

Гарибшвили изјави дека украинските политичари директно се мешаат во внатрешните работи на Грузија.

„Го споменавте апелот на Зеленски… Кога човек во војна има време да ги коментира активностите што ги спроведуваат неколку илјади луѓе овде, тоа е доказ дека тој е мотивиран нешто да се случи овде, некаква промена“, рече грузискиот премиер, а потоа продолжи да ги критикува другите политичари и луѓе од јавниот живот на Украина.

„Протестите ги коментираа Кличко, адвокатот Марк Фајгин и некои други несоодветни луѓе. Некои несреќни губитници велат дека на Грузија и се потребни промени, државен удар… Ова е директно мешање во внатрешните работи на земјата“, коментира Гарибшвили.

На крајот од разговорот за каналот ИМЕДИ, премиерот на Грузија изјави дека владејачката партијанема да дозволи отворање на нов фронт во земјата.

„Ги советувам украинските власти прво да се грижат за себе и за својата земја. Нема да дозволиме Грузија да учествува во конфликтот меѓу Русија и Украина. Надворешните елементи се обидуваат да ја вовлечат нашата земја во конфликт“, изјави грузискиот премиер.

Треба да знаете
Последни објави