Известувачката на Европскиот парламент за Косово, Виола фон Крамон, изрази силна надеж дека ќе се постигне договор меѓу Косово и Србија на 18 март во Охрид, каде што ќе се одржи следната средба на високо ниво во рамки на меѓусебниот дијалог.
Фон Крамон на Твитер напиша дека овој договор би бил важен чекор за европската интеграција на двете земји.
Косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ се очекува да се сретнат на 18 март во Охрид за да го потпишат француско-германскиот или европскиот договор што го договорија на 27 февруари во Брисел.