Еден од најблиските соработници на рускиот претседател Владимир Путин, Николај Патрушев, изјави дека се сомнева оти гасоводот Северен тек бил кренат во воздух од проукраинска група, теза која се појави во американската разузнавачка заедница и американските медиуми.
Тој додаде дека Москва се уште не знае кој стои зад саботажата на „Северен поток“, пренесува руската агенција Интерфакс.
Николај Патрушев, генералниот секретар на Советот за безбедност на Русија, исто така рече дека Украина не добила ништо со уништувањето на гасоводот.