Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, вечерва од Куманово порача дека неговата партија ги отвора сите врати за соработка.
„Ние сме партија која ги отвора сите врати за соработка и многу е битно да имаме добри односи со сите“, потенцира Гаши.
Објаснувајќи ги идните чекори на делување на партијата, тој подвлече дека се е отворено, и дека ги слушаат пред се идеите и се консултираат со нивните активисти.
„Имаме широки консултации, и во нашите партиски органи ќе одлучиме за тоа што е најдобро за партијата“, вели Гаши.
Додава дека Алтернатива е партија која од неодамна е во опозиција, но преку средбите со граѓаните сакаат да го чујат гласот на нивните избирачи.