„Глобал тајмс“: Американското оружје ќе се сврти против нив самите

Санкциите што ги воведе Белата куќа и конфликтите што ги поттикнува не само што им штетат на противниците, туку се покажаа како меч со две острици што го погодува и Вашингтон, пишува „Глобал тајмс“.

САД се мешаат во светската политика, обидувајќи се да доминираат со сите. Оваа желба може да се спореди со притискање на десет прсти на десет копчиња истовремено. Моќта и авторитетот на САД се многу претерани и земјата неизбежно ќе ја изгуби контролата, се вели во написот.

Во својата надворешна политика, Вашингтон, истакнува авторот, премногу се потпира на воена моќ и санкции поради неговата високотехнолошка и финансиска хегемонија и пристап до пазарот. Сепак, можностите за користење на овие алатки се ограничени – тие се ефективни до одреден степен, но нивната злоупотреба на крајот ќе доведе до исцрпување на ресурсите на САД.

Стремежот по профит поттикнат од алчноста (САД) отиде предалеку. Ова ќе предизвика уништување на нивните неодржливи финансиски пирамиди, се вели во материјалот, пренесен од регионалните медиуми.

Како пример, авторот на статијата ја наведува состојбата на банките SVB, Signature и Silvergate, чиј банкрот се заканува да предизвика домино ефект за целиот финансиски и технолошки сектор на САД.

Пристапот на Вашингтон ги ослабува непријателите, но им штети и на нив самите: САД продолжуваат да користат различни лостови, кои во одреден момент ќе се скршат поради прекумерното оптоварување“, заклучува авторот.

Треба да знаете
Последни објави