ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија бара јавно извинување од
Американската амбасада за недоличното преименување на Македонскиот народ во
“православни луѓе’ од страна на Заменик Помошникот на Државниот секретар Габриел Ескобар, во интервју за медиум во Америка (линк во прилог).
Во вакви околности и токму поради вакви негирања на државотворноста на
Македонскиот народ во татковината Македонија, НЕ СМЕЕ ДА СЕ ДОЗВОЛИ
промена на Уставот со цел внесување на бугарската малцинска етничка група во
Преамбулата на Македонскиот Устав. Принципот на реципроцитет во Теоријата на разрешување на конфликти е базичен и од истиот не смее да има отстапувања. Бугарската држава ќе мора по истиот тој базичен принцип на реципроцитет да го признае официјално постоењето на Македонското етничко малцинство во Бугарија и ќе мора да престане со негаторските политики кон сиот корпус на Македонските етнички идентитетски столбови.