Русите ги засилуваат одбранбените позиции во Запорожје

Руски сили од декември ги зајакнуваат и прошируваат утврдените позиции во окупираниот дел од украинскиот регион Запорожје, објави аналитичарот Брејди Африк од Американскиот институт „Ентерпрајс“. Африк наведува дека од 4 декември минатата година руските сили додале повеќе одбранбени линии надвор од селото Чистопилија.

Русија минатата година објави дека го анектирала целиот регион Запорожје заедно со уште три украински региони (Херсон, Доњецк и Луганск), но не го има целиот регион под своја контрола.

Во регионот се наоѓа и нуклеарната централа Запорожје, исто така најголемата нуклеарна централа во Европа, која е под контрола на руските сили уште од првите недели од војната.

Треба да знаете
Последни објави