Поранешниот голман на Македонија ЃП, Горан Симов после 15 години се враќа во редовите на фудбалскиот прволигаш сега како тренер, соопшти клубот од „Ѓорче Петров“. Симов ќе го наследи Муарем Бајрами, кој пред спогодбено се раздели со „лавовите“.
Симов беше голман на Македонија ЃП три години во периодот од 2005 до 2008 година кога дојде од Обилиќ, а беше дел од тимот кој го освои првиот куп-трофеј за „лавовите“ во 2006 година. Сега доаѓа на клупата на Македонија ЃП, која е негов трет клуб во тренерската кариера.
По завршувањето на фудбалската кариера во која беше член уште на Силекс, Вардар и албански Билис, Симов кариерата како тренер ја започна во Силекс со кој освои Куп во 2021 година, а потоа седна на кормилото на Вардар во Втората лига, но не издржа ни цела сезона, откако „црвено-црните“ сериозно заостанаа во минатата сезона во битката за враќање во Првата лига.
Симов ја презема Македонија ЃП на седмото место со 26 бода, но и со место во полуфиналето во Купот каде се актуелни освојувачи на трпофејот.