Интегрален текст од прес конференција н Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Убиства, пукање, брутални ликвидации, исчезнати, киднапирани, крвави бегства од затвор, Македонија се претвори во мафијашки терен затоа што институциите наместо да го гонат криминалот тие шуруваат со него.
Полицијата со Оливер Спасовски и со Сашо Тасевски се претвори во огранок на мафијата.
Почитувани,
Десната рака на директорот на БЈБ, Сашо Тасевски, началник на крим полицијата, Музафер Каришиќ е и член и претседател на комисијата за издавање одобрение за набавување на оружје.
Оттука, Спасовски и Тасевски мора да одговорат:
Дали е можно одобрение за оружје полицијата да издаде на лицето Шукри Асани, според полицијата, осомничен за транспорт на кокаин, член на криминалната група од Грчец, меѓу првите десет за проверка на листата Безбеден град?
Дали Шукри Асани, лице од листата за проверка, може да има одобрение за оружје од комисијата водена од Каришиќ?
Одобрил ли Каришиќ од МВР дозвола за оружје на криминалец од листата безбедносен ризик?
Дали одобрението за оружје по брза и скратена постапка, може да го добиено лице коешто не ги исполнува условите предвидени со закон, да добие одобрение за носење на оружје?
Како е возможно полицијата да формира комисија за да му се издаде дозвола за набавување на оружје некому којшто е на листата за проверки односно, некој којшто е во врвот на листата криминалци со тежок криминал на реонот на град Скопје и коишто треба да се покриваат, следат и обработуваат согласно планот Безбеден град?
Уште повеќе, ако се знае дека токму Каришиќ го создал планот Безбеден град, како е возможно комисија водена токму од Музафер Каришиќ да издаде таква дозвола на лице во врвот на таа листа?
Почитувани,
Каришиќ е човек близок на Тасевски и на Спасовски, началник на крим полиција, едновреме и началник на СВР Скопје.
Се додека институциите наместо да го гонат криминалот, тие шуруваат со него, Македонија ќе биде територија на мафијата и ќе ја потресуваат убиства, насилства, киднапирања и трговија со дрога.