Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, коментирајќи го неодамнешниот колапс на американската банка на силиконска долина (СВБ), ја обвини економската политика на претседателот Џозеф Бајден за таквата состојба, додавајќи дека на повидок се нови финансиски колапси.
„Со она што се случува во нашата економија и предлозите од најголемото и најглупавото зголемување на даноците во историјата на САД, пет пати, Џо Бајден ќе остане запаметен како современиот Херберт Хувер (американски претседател за време на „Големата депресија“). “, рече Трамп на својата социјална мрежа Social Truth, пренесе „Њузвик“.
Според него, ќе имаме „голема депресија“, поопасна од онаа во 1929 година. „Големата депресија“ е глобален економски колапс што започна во 1928 година во САД и траеше до 1939 година.
Тоа беше најдолгиот и најостриот пад што некогаш го доживеал индустријализираниот Запад.