Полската тенисерка Ига Швентек ја започна својата 50-та недела по ред како светски рекет број еден на ВТА листата. Таа го имаше своето деби на оваа позиција на 4 април 2022 година, кога дојде на местото на Ешли Барти.
Швјонтек е рангирана на 13-то место во однос на вкупните недели како ВТА бр. 1. Таа следната недела ќе ја победи Викторија Азаренка, која има 51 седмица на лидерското место.
Воедно, Швјонтек е четвртата тенисерка која ја предводи ранг-листата 50 или повеќе недели по ред, откако првпат да се искачи на оваа позиција. Претходно тоа им успеа на Штефи Граф, Мартин Хингис и Серена Вилијамс.